Фото/Општина Чаир

Уште еден образовен објект во Општина Чаир со фотоволтаичен кров

Основното училиште на Чаир „Исмаил Ќемали“ од денеска е со фотоволтаичен кров информираат од Општина Чаир. Тие ветат дека наскоро ќе се пуштат во употреба фотоволтаични кровови и во 5 други училишни објекти: „7 Март“, “Хасан Приштина“, „Имри Елези“, „Лирија“ и градинката „Снежана“, најави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

„Ова е исто така многу значајна инвестиција и значи: Енергетска ефикасност заштеда до 50%,чист извор на енергија, одржлива енергетска иднина, без загадување, обезбедување на транзиција кон чиста енергија, произведена енергија-26. 195 kWh годишно„ вели градоначалникот Ганиу.

Пред неколку дена се пушти во употреба фотоволтаичен кров во градинката „Фидани“ во општина Чаир, поточно објектот „Росица“.

АКТУЕЛНО