Search
Search

Костадиновска-Стојчевска: Мицкоски да каже како дозволи партија со два пратеника да добие претседател на Собрание

Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска – Стојчевска во интервју за „Слободен печат“ детално образложи зошто прво јавно реагирала а потоа и поднесе претставка за свечената изјава при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието и додаде дека одговорите дали чинот на свечената изјава бил однапред договорен, треба да ги даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Имајќи предвид дека новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ и имајќи предид дека сите тие беа со главата надолу кога тоа се случуваше и дека голем дел од нив не се одважија ниту да дадат аплауз, не би сакала да кажам дали тоа можеби било намерно, договорено, тоа сепак треба да го каже Мицкоски кој седеше во првиот ред. Мицкоски треба да каже и како дозволи партија со двајца пратеници да добие трет најважен човек во државата“, рече Стојчевска.

Таа додаде дека пратениците на СДСМ на лице место реагирале на тоа што свечената изјава се дава прво на албански, а потоа на македонски јазик.

„Ние реагиравме на лице место и реагиравме согласно механизмите што ни се дозволени, ние додека трае свечената изјава немаме право ниту да се пријавиме за збор, ниту има право некој да се јави за процедурално, затоа што во тој момент се уште не се формирани пратеничките групи и нема координатори“, посочи Костадиновска – Стојчевска.

-Деловникот на Собранието не ја регулира свечената изјава и тоа значи свечената изјава што се дава се дава на службениот јазик на Република Северна Македонија којшто е утврден со Устав и со Законот за употреба на македонскиот јазик и таа претставка е поднесена до службите во Министерството за култура, односно до службата за инспекциски надзор. Претставката е против претседавачот со конститутивната седница и против сега веќе претседателот на Собранието, затоа што свечената изјава прво ја прочита на албански јазик. Претставката не значи удар врз Албанците или албанскиот јазик, тоа е поради непочитување на законите и Гаши како претседател не може да биде спремен да го води Собранието, ако уште во првите пет минути не ги почитува законите“ рече таа.

Костадиновска – Стојчевска истакна дека и претходно етнички Албанец бил спикер на Собранието и потсети дека претходниот собраниски претседател Талат Џафери својата свечена изјава ја има дадено на македонски јазик согласно Уставот и законите.

АКТУЕЛНО