Search
Search

Ковачевски: Ако нема мир нема да има ни Отворен Балкан ни Берлински процес

„Ако нема мир нема да има ниту Отворен Балкан, нема да има ниту Берлински процес, а по слична аналогија ќе треба да се преиспитуваат и други меѓународни организации и иницијативи кои што вклучуваат голем број на земји, еве пример земјите на ОБСЕ ние сме земја која што председава со ОБСЕ во најтешката година за Европа, во ОБСЕ членуваат и Русија и Белорусија и Украина и во ОБСЕ имаме држава која што има нападнато друга земја членка и можете да замислете каков е предизвикот да се председава со една таква организација која што на моменти функционира на услови на блокада па и на парализа и треба многу вештина за да организацијата продолжи да делува.

Меѓутоа ние сме тука да создаваме а не да растураме и ние сме уверени и порачуваме дек Србија и косово треба да бидат за мир и треба да направат се да ги повлечат вистинските потези, да ги направат вистинските чекори за безбедна иднина на своите граѓаните, на своите народи, меѓутоа и за стабилност на целиот регион.

Ние како земја многу јасен пример дека преку активен и отворен дијалог се решаваат сите отворени прашања и дома меѓутоа и со соседите и навистина верувам дека овој регион може многу повеќе и може м,ногу подобро, и стоиме на располагање на сите процеси со нешто искуство и со реална поддршка се со цел да се обезбеди мир и стабилност во регионот кој треба и мора што поскоро да биде дел од ЕУ“, истакна премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција по завршувањето на ЕРЗ Шпанија.

Што се однесува до ставот на владата по прашање на Отворен Балкан, Ковачевски рече дека истиот останува непроменет. „Ставот на владата, бидејќи министерот Османи и појасни денес тој својот став го има дадено од позиција на потпретседател на политичка партија, ставот на владата останува непроменет дека како држава имаме конструктивна улога и учество во сите регионални иницијативи, вклучувајќи го и Отворен Балкан, се додека тие иницијативи носат конкретни придобивки за граѓаните, за државите, за економиите, за бизнисите на земјите кои што се дел од овие иницијативи“, посочи Ковачевски.

АКТУЕЛНО