Димитар Ковачевски / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Ковачевски: Во наредните четири години СДСМ ќе обезбеди членство во ЕУ

СДСМ има јасна визија за државата како земја-членка на Европската Унија и имаме јасен план како да го направиме тоа. Ние сме партијата која обезбеди кандидатски статус за членство во ЕУ, а обезбедивме членство во НАТО и започнување на преговорите со Унијата по 17 години чекање, изјави лидерот на политичката партија СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју на утринската програма на „Слободен печат“.

Ковачевски смета дека во наредните четири години СДСМ со проевропска влада ќе обезбеди членство во ЕУ.

– Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во европските интеграции, напротив може да се слушнат нивни изјави каде што велат дека и сто години не треба да станеме членка, а можеби и никогаш. Тоа покажува дека тие ја продолжуваат политиката на Никола Груевски, нивниот поранешен претседател, со оглед на тоа дека тоа се истите ставови што ги слушавме во тоа време. Со нив Северна Македонија ќе се врати во чекални и во мрачно минато на недемократски процеси, додаде тој.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави