Search
Search

Курти во четврток известува во косовското Собрание за средбата во Охрид

Косовскиот премиер Албин Курти во четврток ќе известува во Собранието на Косово за средбата во Охрид.

Ова го изјави шефицата на пратеничката група на Движењето Ветевендосје, Мимоза Кусари-Лила по состанокот на Претседателството на Собранието на Косово, пренесува Газета Експрес.

„Се договоривме редовните точки од дневниот ред да бидат отстранети за да се обезбеди поголема дискусија и известување на премиерот Албин Курти за средбата во Охрид“, рече таа.

На 18 март во Охрид, Косово и Србија се договорија иако немаше потпис.

Косово и Србија вчера во Охрид го утврдија Анексот за спроведување на договорот за нормализирање на односите што двете страни го постигнаа на 27 февруари во Брисел, откако по 12 часа заврши состанокот меѓу претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти во рамките на Дијалогот Приштина-Белград по покровителство на ЕУ.

Н. А.

АКТУЕЛНО