Search
Search

„Левица“ ја промени таблата на паркот „Украина“, градоначалникот на Чаир објави дека е вандализирана

Паркот во Чаир во кој се наоѓаа бистите и спомениците на македонските партизани и учесници во НОБ, пред извесно време беше преименуван во „Парк Украина“, а на овој чин присуствуваа градоначалникот Висар Ганиу и амбасадорката на Украина Лариса Дир.

Црвената Младина, подмладокот на „Левица“, објави дека некогашниот парк на народните херои го преименувал од „Украина“ во „АСНОМ“.

Веднаш потоа градоначалникот на Чаир објави дека таблата е вандализирана, случајот е пријавен во полиција, додека сторителите на инцидентот не се познати.

„Општината Чаир и јас како нејзин претседавач најостро го осудуваме чинот на вандализирање на таблата со името Парк Украина што се наоѓа на нашата територија, поточно во близина на општинскиот објект. Оценуваме дека ова е исклучително низок чин кон мирољубива вредност како што е паркот Украина, кој го промовиравме пред неколку недели заедно со Украинската амбасада во земјава. Предметниот случај веќе го пријавивме до органите на прогонот и бараме што поскоро да се откријат сторителите и да ја добијат заслужената казна“, напиша Ганиу.

АКТУЕЛНО