„Macedonian dream“- Два пати одел во Германија на работа, но се вратил и започнал бизнис во Скопје

Миграцијата не само на младите, туку и на цели семејства стана секојдневна појава во Северна Македонија. Тоа го докажува и фактот се повеќе работодавачи имаат недостиг од работници, но училиштата известуваат и сè повеќе одјавувања  на  ученици од училишните клупи.

Покрај добрите услови за работа, работниците ја остават земјата и за повисоки плати, бидејќи не се проблем само економските услови, граѓаните причина за заминување наоѓаат и во нефункционалното судството, здравството, образованието и администрацијата.

Редакција градска.мк ви пренесува една поинаква приказна за искуствата и како е да се работи во родната земја и како во странство.

фото/ Градска редакција

Исмаил Идризалари (28) од Скопје во својата животна приказна кажува дека два пати бил со работна виза во Германија, по три месеци работел како бербер во една од тамошните берберници. Вели дека таму се труди заработува но и троши повеќе, на крајот не останува многу за штедење.

Откако неколку пати оди и се враќа, на крајот Исмаил решава да се врати и да создаде сопствен бизнис во родниот град Скопје. Прво се пријавува на програмата за невработени која ја спроведува Агенцијата за вработување. Оваа програма предвидува намалување на невработеноста со започнување личен бизнис.

„Двапати бев во Германија и работев три месеци, таму работиш со полно работно време се заморуваш  но и добро те плаќаат, но од друга страна има и многу трошоци, не ти остануваат многу да заштедиш. Решив да се вратам, аплицирав за субвенции од државата за да отворам мал бизнис овде во Скопје. Бидејќи по професија сум бербер, со државни субвенции од 5.000 евра, отворив берберница, ја регистрирав фирмата и ослободен сум две години од данокот што треба да и го плаќам на државната “ – изјави за градска.мк берберот Исмаил Идризалари.

Вели, каде и да е работникот работи како што треба. Според него, ако имате јасни идеи и цели, можете да успеете во секој бизнис.

„Мислам дека тој што работи неговиот труд ќе се вреднува без разлика во која земја си, зборувам од мое искуство, дури и овде ако се вложиш во својата работа може добро да заработиш, а исто така си блиску до семејство, сега не ми недостигаат ниту ќерка ми, ниту семејството во целина, секој ден сум со нив“ – изјави Исмаил.

Во разговорот што го водевме вели дека има многу идеи за отворање нови бизниси, но дека навистина недостасуваат работници, дури и на оние што останале им недостасува желба и волја за работа.

Во публикацијата објавена од Меѓународната организација за миграции и Владата на Република Северна Македонија за профилот на земјите во 2021 година се вели.

– Емиграцијата на граѓаните од Северна Македонија во странство (привремена и трајна) во последната деценија дополнително се зголеми и забележа големи промени во нејзините особености. Во 2018 и 2019 година бројот на граѓани што заминале во странство (flow data) изнесува 24.000 и околу 26.700 лица, респективно. Странските извори на податоци потврдуваат дека вкупниот број на државјани што престојуваат во странство (stock data) од околу 527.000 (2010) достигнал речиси 700.000 лица (2020 година), што претставува повеќе од една третина од вкупното население во земјата. Според Светскиот Извештај за Миграцијата во 2020 година, Северна Македонија е во првите 20 земји во светот со најголема емиграција во странство. Во однос на географската распореденост на граѓаните на Северна Македонија во европските земји на прием, Германија, Италија, Швајцарија, Австрија и Словенија се издвојуваат со најголем број имигранти од Северна Македонија. Во прекуокеанските земји на прием тоа се Австралија, Нов Зеланд, Соединети Американски Држави и Канада, каде што престојуваат повеќе од 400.000 граѓани на Северна Македонија. Семејните причини, вработувањето и школувањето.

Н.Ш

АКТУЕЛНО