Фото МИА

Магливо, студено утро и дожд, какви температури нè очекуваат денеска?

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец“, велат од УХМР.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и магливо. Претпладне со услови за слаб дожд.

Минималните утрински температури ќе се движат од минус 3 во Берово до 3 степени во Дојран, а максималните дневни од 6 на Попова Шапка до 15 во Дојран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Неготино, Неготино – Демир Капија и Делчево – Македонска Каменица.

Од АМСМ соопштија дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави