Македонија во портокалова фаза – Забрана за движења низ шумите

Македонија и во наредните денови ќе остане портокалова фаза, поради високите температири од над 40 степени, кои ќе траат во наредните десет дена, сè до 25 јули.

Остануваат да важат препораките за најранливите категории. Бремените жени и лицата над 60 години се ослободени од работа, а децата во градинките не смеат да се надвор од 11 до 17 часот.

Од денеска важи и забраната за движење низ шумите, односно низ националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

АКТУЕЛНО