Search
Search

Македонија го освојува 16 место на Европското одбојкарско првенство

На Европското одбојкарско првенство, кое завршува на 16 септември, остануваат да се одиграат полуфиналните натпревари, мечот за третото место и финалето.

В четврток во Рим од 18.00 часот Полска ќе игра против Словенија, а Италија од 21.15 часот ќе се сретне против Франција.

Најдобрата македонска репрезентација предводена од селекторот Јошко Миленкоски го оствари најголемиот успех на континенталните собири, за првпат беше дел од нокаут-фазата, меѓу најдобрите 16 во Европа.

Од 24 учесници, годинава на ЕП Македонија го освојува 16 место што е нашиот најдобар пласман.

Претходно на ЕП 2019 завршивме на 17 место, а две години подоцна на претпоследната 23 позиција.

АКТУЕЛНО