Македонската храна и вино го освојуваат Берлин

Меѓународниот саем Зелена недела, кој по 88. пат се одржува во Берлин, е во тек, а таму има десетина македонски мали производители на храна.

– Среќен сум што и годинава имаме можност да се претставиме со десетина компании на македонскиот штанд, со мали производители на традиционалните производи, како и убавото сортно македонско вино – порача од Берлин министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

На Саемот има повеќе од 1.400 изложувачи кои ги презентираат своите меѓународни и регионални производи и специјалитети и претставува еден од водечките и најтрадиционални саеми за храна земјоделство и хортикултура.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави