Search
Search

Меѓународна потерница ќе биде распишана по организаторот и извршителот на двете убиства

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција изјави дека за извршителот на убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, ќе биде распишана меѓународна потерница. Тој рече дека имаат информации дека лицето е заминато од државата со возило заедно со неговиот адвокат во Белград, а потоа во Бугарија.

„Главен организатор, а воедно и извршител кој со пиштол на 27.11. според досегашните утврдени докази некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до кои може да дојде полицијата на веќе започнатата веднаш истрага од страна на полицијата, е лицето кое ја напуштило државата непосредно по стореното кривично дело. По него се трага“ објасни министерот Спасовски на денешната прес-конференција.

Спасовски рече дека сите осомничени се членови на една политичка партија и дека е извршен претрес во оваа партија.

Министерот Спасовски и обвинителот Бубевски не го именуваа извршителот на убиствата, но на новинарските прашања за Љупчо Палевски, тие одговараа за неговата вмешаност.

АКТУЕЛНО