Search
Search

Месиќ: Македонија одамна мораше да биде членка на ЕУ

Македонија одамна мораше да биде членка на ЕУ, вели поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ.

Претседателот Стево Пендаровски и бившиот претседател на Хрватска, Месиќ велат дека ЕУ треба да побрза со интеграција на регионот, инаку ќе го загуби своето влијание.  Велат дека оспорувањето на соседите и европското молчење делува разочарувачки врз македонските граѓани.

Месиќ ја повика шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен да направи напори за да може регионот да се приклучи кон ЕУ.

„На примерот на Украина видовме дека патот кон Европа мора да биде побрз“, рече Месиќ на 6. Македонски енергетски форум.

Според него, атрактивноста на ЕУ сè повеќе згаснува и тоа не е добро, бидејќи креаторите на Унијата биле лидери и знаеле што сакаат.

„Денес, простете ми, но јас не гледам вистински лидери, ниту во Европа, ниту во светот. Тоа се бирократи во Брисел со големи плати, но не гледам резултати. Наместо да се забрза влезот на земјите кои чекаат и да им се помогне што поскоро да влезат во ЕУ, се губи атрактивноста“, вели Месиќ.

Како што оценува, денешното раководство на ЕУ малку успорува.

Претседателот посочи дека иако не сме членка на ЕУ, клучно е што како земја која зависи од увоз на енергија сме дел од паневропскиот енергетски пазар .

Во рамките на енергетскиот форум Пендаровски и Месиќ потенцираа дека малите држави не можат да влијаат врз глобалната свена самостојно туку само како дела од поголеми организации.  Урсула фон дер Лајен најави нов план за приближување на Западен Балкан до Европската Унија.

АКТУЕЛНО