Мицкоски повторно ги уценува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесам оставка ако гласате за уставните измени

Доколку само еден пратеник на партијата ја изневери мојата доверба и гласа за уставни измени, јас ќе се повлечам од политиката, ова синоќа го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кичево, но ваквите закани и уцени кон пратениците на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не се први, лани тој ги натера да потпишат нотарски изјави дека нема да гласаат за францускиот предлог и со истите мафташе пред тв камерите.

„Тоа го кажав и пред нецела година и стојам зад тоа. Ќе го слушнете Димитар Ковачевски дека јас сум се борел за фотелја. А јас кажувам дека ако само еден пратеник ме изневери, дека заминувам од политиката“, порача лидерот на опозициската партија.

Тој пред  една година покажа документи кои пратениците од опозицијата ги потпишале и ги завериле на нотар, а со кои ветуваат дека нема да прифатат промена на Уставот.

– Сакам јасно и гласно да се знае дека ништо не е готово, а народот не смее да очајува. Борбата продолжува и ќе победиме. Информацијата којашто денеска помина во Собранието нема никакво значење затоа што рамката ја усвојува Владата. Затоа, обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, а тоа е промена на Уставот со цел внесување на Бугарите, нема да помине во македонското Собрание. За тоа гаранција е ВМРО-ДПМНЕ и коалциијата. Народот може да биде спокоен. Ова не е 2019 година. Ова што го држам во рацете се документи потпишани од пратениците од опозицијата и заверени на нотар, а во кои се вели дека пратениците ветуваат дека нема да дозволат отворање на македонскиот Устав. Сите овие изјави се нотарски заведени. Нема отстапување ниту милиметар. Нема чекор назад, оти зад нас остана сѐ што имаме – порача Мицкоски.

Ова се случи при потпишувањето на Договорот за соработка со Бугарија, кога пред македонската јавност тој го критикуваше, омаловажуваше и плукаше по тој документ, за неколку дена подоцна пред Бојко Борисов и пред телевизиските камери да изнесе став дека договорот е добар и го почитува.

Оттогаш до денес Мицкоски постојано го менува ставот, а пратениците колку и да сакаат не можат да го следат оти кажаното денеска не важи утре. И после по емисии ќе признаваат дека сакаат Бугари во Уставот ама немале услови да гласаат. Па, никој не би имал услови за гласање да има лидер како Мицкоски.

С.Т.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави