Search
Search

Мирковски: Преку класичната музика децата сфаќаат дека животот не се само социјалните мрежи

Во делот на младите музичари инструменталисти, имаме иднина и тоа многу светла, посочи Бобан Мирковски, пијанист и професор во средното музичко училиште во Скопје, во интервју за Слободен Печат.

„Се надевам дека тие деца, особено оние што јас ги познавам и јас ги учам, а верувам дека и моите колеги работат со многу деца, имаме неколку ученици кои се навистина екстремно талентирани и способни и работат и среќен сум што покажуваат интерес. Нормално кај нас во Илија Николовски Луј ние сме и средно и основно, каде основното е секундарно значи не е примарно училиште и многу често се случува кога доаѓаат во раниот пубертет, 12-13 години возраст, некои знаат и да се откажат. Сепак се надевам дека со правилен раст и развој, дека иднината ни е и тоа како светла. Во овој период кога ние живееме со целата таа хиперпродукција со сите тие социјални медиуми, кои се преплавени со се и сешто, кога децата доаѓаат и учат нешто што е оставнина од пред 300 или 400 години, кое преживеало до ден денешен и кое ќе преживее уште толку, тогаш се соочуваат со вистински вредности и сфаќаат дека животот не ТикТок и Инстаграм, туку дека луѓето во минатото оставале големи дела. Тогаш добиваат желба да создадат нешто ново, што мене многу ме радува и се надевам дека ќе остане така.“ порача Мирковски.

АКТУЕЛНО