Search
Search

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ регистрира повеќе од 3.000 случаи на говор на омраза и повеќе од 200 случаи со дезинформации

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно бележи дезинформации и говор на омраза на социјалните мрежи, а неретко и во медиумите, нагласи Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

На социјалните мрежи, претежно на Фејсбук и Екс (поранешен Твитер) се бележи трицифрена бројка од коментари на различни објави, во кои се бележи експлицитен говор, говор на омраза, повикување на насилство, и закани со убиства и линч („народен суд“).

Во дел од медиумите, исто така, се бележи неселективно пренесување на дел од објавите на социјалните мрежи во кои има дезинформации и говор на омраза, со што на овој начин на јавна комуникација му се дава кредибилитет и го одобрува таквиот начин на изнесување на ставовите. 

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, колку што дозволуваат условите и времето, ги архивира овие случаи, според методологија усвоена и подобрувана со години наназад. 

Од почетокот на 2024 година, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ регистрира повеќе од 3.000 случаи на говор на омраза и повеќе од 200 случаи со дезинформации на социјалните мрежи и во медиумите. 

Целосно обработени случаи на дезинформации и говор на омраза се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ најмалку три пати во неделата, посочи Дерала.

 

АКТУЕЛНО