Search
Search

На 83-годишна возраст почина театарската, филмска и телевизиска актерка Ратка Радмановиќ.

Родена во Кочани, најголем дел од кариерата работела во Битолскиот народен театар. Остварила и низа улоги во театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово.

Има остварено низа на впечатливи улоги на сцените на македонските театри особено во Битолскиот народен театар каде долго време и по пензионирањето имаше носечки улоги на репертоарот. Радмановиќ остварила десетина улоги на филм, посебно е активна по пензионирањето.

Радмановиќ зад себе остави впечатливи улоги во филмовите ,,Мајки”, ,,Пред дождот”, ,,Сенки”, ,,Врба”, Прашина”, ,,Панкот не е мртов”, ,,До балчак”, ,,Трето полувреме”, ,,Големата вода” и многу други.

Таа беше интересн лик, кој го препозна и познатиот босански режисер Емир Кустурица, кој ја ангажираше во неговиот филм ,,На млечниот пат”. Филмот е од 2016 година, а во главните улоги се појавуваат Моника Белучи и Кустурица, додека Радмановиќ, која во тој период веќе беше пензионерка, ја глумеше свекрвата на Белучи.

АКТУЕЛНО