На 9 мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“

Европска Унија пред се е идеја и сон за Европа обединета во мир, која работи за поголем просперитет и го подобрува животот на луѓето, порача претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел по повод Денот на Европа – 9 мај. 

– Денеска, на Денот на Европа, време е да ја потврдиме нашата цврста решеност за продолжиме, дел по дел, да го градиме овој европски проект што не обединува сите нас. Наведе Мишел во кусата видео порака објавена на социјалните мрежи. 

Претседателката на Европската комисија во пораката по повод Денот на Европа нагласи дека на денешниот ден и изразуваме почит на визијата на Роберт Шуман за обединета, мирна и просперитетна Европа.  

– Ги славиме луѓето кои ја изградија нашата Унија и оние кои продолжуваат да ја градат секојдневно. Овој ден им припаѓа на сите Европејци – сонувачи и градители. Заедно, ние сме посилни, наведе Фон дер Лајен на платформата Икс.  

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел нагласи дека ба денешниот Ден на Европа ја одбележуваме визијата на Шуман, што ги постави темелите на нашата Унија.  

– Со оглед на тоа што војни беснеат околу нас, од Украина до Газа, пораката дека поранешните непријатели можат да постигнат мир и да изградат подобра иднина е порелевантна од кога било. Како ЕУ продолжуваме да работиме за мир. Насекаде, порача Борел во објава на Икс. 

Европската комисија, исто така, преку Икс, повика на славење на „континуираното единство и солидарност во Европа промовирани со Шумановата декларација во 1950 година“.

– Само преку единство и солидарност можеме да го одржиме европскиот проект. На денешен ден во 1950 година, Роберт Шуман ја даде својата позната Декларација – пресвртница во нашата историја која ги постави темелите за ЕУ каква што ја знаеме денес, се додава во пораката на ЕК по повод Денот на Европа – 9 мај.

На 9 мај Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“

Тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за нова војна меѓу европските народи, што подоцна стана позната како „Шуманова декларација“.

Идејата на Шуман за здружување на западногерманската, италијанската и француската индустрија за јаглен и челик се реализираше веќе на 18 април 1951 со потпишувањето на Парискиот договор за создавање на Европската заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ). Договорот стапи во сила на 23 јули 1952 година кога официјално беше формирана ЕЗЈЧ која ја сочинуваа Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција, како заедница претходник на ЕУ.

Во 1952 година во чест на Шуман и „Шумановата декларација“, 9 мај беше прогласен за Ден на Европа, кој се чествува секој година како ден кога се слават мирот и единството во Европа, а истовремено беше промовирано и денешното знаме на ЕУ како Знаме на Европа. Дополнително, во 1960 година Европскиот парламент го прогласи Шуман за „Татко на Европа“.

Европската Унија набрзо ќе организира донаторска конференција со цел да се соберат средства за ублажување на последиците од земјотресот во Драч, Албанија што се случи на 26 ноември минатата г

Денот на Европа e прогласен за празник на ниво на ЕУ и е неработен ден за вработените во европските институции. Меѓу членките на ЕУ, 9 мај е државен празник само во Луксембург, додека во Романија тој се поклопува со Денот на независноста на земјата.

По повод на Денот на Европа, ЕУ и нејзините институции секоја година организираат настани и манифестации за одбележување на празникот. Оваа година по повод Денот на Европа, ЕУ на 4 мај организираше „отворен ден“ на кој граѓаните можеа да ги посетат седиштата на институциите на Унијата и да се запознаат со начинот на нивно функционирање.

Денеска, на самиот Ден на Европа, во земјите членки на ЕУ ќе се одржат бројни активности, настани и концерти.

Конкретно во центарот на Брисел ќе му се оддаде почит на Роберт Шуман, а посебно се очекува интересна да биде изведбата на европската химна отсвирена од каријони. Станува збор за ударен музички инструмент кој се состои од најмалку 23 лиени бронзени ѕвона, кои се фиксно поставени на растојание од половина чекор и овозможуваат хармонична изведба на акорди.

Во организација на Европската комисија во попладневните часови околу Гран Плас и на плоштадот Агора во Брисел ќе бидат одржани повеќе музички настани со настапи на групи од разни жанрови и дувачки оркестри.

Дополнително, паневропската иницијатива за поддршка на концертните локации кои ја промовираат европската музичка различност, „Лајвјуроп“ во соработка со белгиското претседателство со Советот на ЕУ и со Европската комисија во култниот концертен комплекс „Стара Белгија“ во центарот на Брисел ќе организира концерти и дебати, со кои ќе се промовираат и слават основните вредности што ги зближуваат Европејците.

По повод 10-годишнината од своето формирање „Лајвјуроп“ ќе организира 23 музички настани во живо за промоција на европската музичка разновидност, како белгиски рапери, унгарски метал бендови или поп-ѕвезди на шпанското фламенко.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави