На „Меџитлија“ зголемена фреквенцијата на излез на последниот викенд од важењето на старите пасоши

Вториов викенд од месецов на граничниот премин „Меџитлија“, рампите на излез од земјава речиси и да не мируваат.

Од полициската станица, велат дека за неколкупати и зголемен протокот на возила на излез во однос на влез. Зголемената проток на луѓе и возила се чувствува уште од вчера попладне. Во зависност од гужвата, велат се активираат и излезните рампи.

Викенд прошетките до Грција не се ништо ново но овојпат дополнителен мотив е да се искористи важечкиот рок на старите пасоши велат патниците.

Согласно со договорот од почетокот на идната недела на излез рампите ќе можат да се подигнат само за оние кои имаат извадено нови патни исправи. Инаку додека го снимавме прилогот од грчка страна, немаше пристигната информација дали и денес ќе продолжат неколкучасовните предупредувачки блокади на земјоделците кој вчера привремено ги застануваа товарните возила.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави