ВИДЕО- АНКЕТА: Има ли решение за бeздомните кучиња во Скопје?

Бездомните кучиња се секојдневен проблем на скопјани, се повеќе стануваат  побројни.  Решението за бездомните кучиња граѓаните  го гледаат во нивното организирање преку стационар, да се покрене совеста на сопствениците на миленичиња и соодветно третирање. Во анкетата која ја реализираше Градска редакција граѓаните велат дека и кучињата имаат душа и треба да се третираат хумано како суштества. Тие велат дека во последно време во Скопје ги има многу, собирани во глутници кои понекогаш стануваат агресивни, а со тоа претставуваат ризик за напади и каснување.

Дека навистина треба решение за бездомните кучиња се потврдува  и со видеото на Градска редакција. Во сред анкета која се реализраше со две госпоѓи во центарот на Скопје, во плоштадот “Македонија„ глутници кучиња почнаа да лаат додека сопственик го шеташе своето домашно куче.

“Кучињата ги има насекаде во градот, особено бројот се зголеми за време на короната, кога некои лица за сопствени потреби, во време на полицискиот час земале миленичиња  за да можат да излезат надвор за нивно шетање. Кога заврши короната сите тие кои земале миленици само за таа цел ги исфрлаа надвор и бројот на бездомни кучиња се зголеми„ вели за Градска редакција една госпоѓа.

“Тие што ги напуштаат своите миленици треба да одговараат и да се казнат, не смеат така да ги третираат, сепак тие не се играчки имаат душа, гревота е да се вдомат па после да се пуштаат. Мислам дека тоа треба да се реши со закон, секој кој ќе вдоми домашен миленик да се регистрира, и да се чипира, па ако се напушти да се најде сопственикот и  да се бара одговорност„ велу друга граѓанка.

„Ги има многу, јас често се шетам покрај „Кејот на Вардар„ страшно е страв ми е, треба да се организираат, институциите треба повеќе да се занимаваат со овој проблем„ вели господи во анкетата која ја реализираше Градска редакција. 

Проценките се дека во Скопје има над 4.000 бездомни кучиња. Јавната свест за вдомување е ниска, јавното претпријатие „Лајка“ кое треба да ги стерилизира е заглавено во долгови, а законот со кој треба да се „стегнат“ несовесните граѓани што фрлаат миленици три години е во процедура за донесување.

Директорката на „Лајка“ Радмила Пешева во интервју за  Градска.мк, која неодамна е реализирано вели дека нејзиното претпријатие се бори со сета своја сила во сите општини  да се реши проблемот, без средствата кои треба да ги добиваат од општините, но и со ограничен персонал во претпријатието вели дека и се врзани рацете.

Покрај градот, пари за „Лајка“ треба да дадат и општините кои е потребно да исплатат по два милиони денари на годишно ниво. Од вкупно 10 општини во 2022 година на пример, според статиститките редовно исплаќале само општините Аеродром, Центар и Гази Баба. Одредени исплати имало и од Бутел и Ѓорче Петров, додека другите општини не платиле ништо.

Таа исто така вели дека има сигурни информации, дека проблем со бездомните кучиња во Скопје е и т. „увоз“ на  кучиња од други градови. Според Пешева  бездомните кучиња со комбиња се префрлуваат во Скопје, за што има пријави и до Министерството за внатрешни работи, но засега немало никаква интервенција од полицијата.

Според неа мора општините да бидат поотворени и да соработуваат, тоа посебно се однесува на  стерилизацијата на кучињата.

И на социјалните мрежи бројни групи за домашни  миленичиња објавуваат слики на напуштени кучиња низ градот, постојано апелираат тоа да не се прави бидејќи куче кое е навикнат на домашни услови не може да се снајде надвор, па така и често страдаат.

Н.Ш

 

 

 

 

АКТУЕЛНО