Search
Search

На „репризното“ гласање, советниците одлучија да му дадат субвении на ЈСП

Со 25 гласови „за“, Советот на повторената вонредна седница денеска донесе одлука да се исплатат субвенции на ЈСП „Скопје“. Гостите, кои присуствуваа на седницата, со аплауз ја дочекаа одлуката.

Скопјани може да здивнат. Утре ќе има автобуси и секој ќе може да стигне на работа, на училиште, на лекар.

Пред да се гласа за доделување на субвенциите, советниците од ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ги намалат субвенциите на една третина од предвидените преку амандман, но тоа не беше прифатливо за другите советници и за градоначалничката Данела Арсовска.

Укажаа дека на тој начин ќе има пари за претпријатието само за неколку месеци, а повторно ќе се создаде кризна состојба пред избори, без можност да се доделуваат дополнителни пари.

 

АКТУЕЛНО