Аеродром ќе добие нов парк лоциран на влезот во Лисиче, соопштија денеска од Општината.
Оттаму информираат дека изведбата на новиот парк лоциран на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот Февруарски поход, започна денеска на почетокот на пролетта и како што најавуваат до крајот на следниот месец Аеродром ќе добие нов простор кој ќе биде целосно уреден со зеленило и урбана опрема и каде ќе биде поставено македонското знаме.
Градоначалникот Тимчо Муцунски на фејсбук истакна дека Јавното претпријатие за комунални дејности и Општина Аеродром целосно ги изведуваат работите за уредување на оваа површина, што за граѓаните кои живеат во овој дел од општината ќе претставува ново зелено катче.