Невладините реагираат, кај „Треска“, место 12.500 ќе има над 33.000 жители

Граѓаните на општина Центар, а со тоа и државата, изгубија на сметка на профитот и непланското градење, велат од „Шанса за центар“. Уставен суд го зацементира патот на „наполитанките“ кај поранешна фабрика Треска, па така, општината ќе добие  над 33.000 жители наместо 12.500 колку што дозволува ГУП.

Фабрика Треска е под лупа и на Обвнителството за организиран криминал и корупција од каде велат дека:

„Во моментов се обезбедува старата документација за трансформација на претпријатието во функција на дополнување кое треба да овозможи дополнување на вештачењето за поранешна фабрика „Треска“. – велат од ОЈО ГОК за ТВ 24.

Во телефонски разговор, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека Деталниот урбанистички план кој е на сила се спроведува бидејќи е во важност, до сега има издадено една градежна дозвола, и има барање за отстранување на објекти. Од Шанса за Центар возвраќаат дека владејачката СДСМ која беше гласен критичар одеднаш го промени курсот и продолжи да ги ги спроведува ДУП-те на ВМРО-ДПМНЕ.

Во обид за спас од бетонизација на поранешна фабрика Треска се впушти и Антикорупциска укажувајќи на недлоследностите од спроведувањето на ДУП-от кој не го следи ГУП-от.

Извор: 24 телевизија

АКТУЕЛНО

Поврзани објави