Фото/Градска редакција

ВИДЕО: Ниту трага од поранешната атракција- Како изгледа денес езерото Tреска?

Некогаш атракција за скопјани па и по широко, денес е  претворена во хорор, неконтролирана шума, градежни останки, рај за диви опасни животни но и пасишта за стада.

Градска редакција го посети ова место која и кога беше забрането за капење во езерото, и кога беа поставени камп приколките можеше да се посети и да се помине убав викенд, но сега тоа е невозможно, парковите покрај и околу езерото се уништени со неконтролирано растење на растенија.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

Фото/Градска редакција

 

И коритото на езерото веќе не може да се препознае дека некогаш тоа било езеро полна со вода, денес тоа е празно и од останатата вода растат растенија кои претставуваат живеалиште на жаби, змии и разни птици.  И мирисот е не поднослив.

Фото/Градска редакција

И ако измешани со растенија уште се видливи останките од уривањата  на објектите кои беа во состав на езерото Треска, и отстранувањето на камп приколките кои беа поставени од граѓаните.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

Во почетокот на минатата година Општина Сарај почна со уривање на објектите и содржините на езерото Треска. Со градежна механизација се отстраниле  бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, кои пред четириесетина години беа изградени со самопридонес на граѓаните.

Езерото Треска е изградено во 1978 година со самопридонес од жителите на Скопје. Со површина од 136.000 метри квадратни и капацитет за 10.000 капачи, во 1980-тите и 1990-тите функционираше како главно излетничко место за скопјани, особено во летните месеци. Околу езерото кое е длабоко од 1,6 до 3 метри се наоѓаа бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, спортски терени, како и камп за приколки и трејлери. Езерце Треска живееше само 20 години. Во 1998 година, поради загаденост на водата е затворено за капење и оттогаш почнува неговото пропаѓање. Денеска, дваесетина години откако е затворено, комплексот околу езерото е целосно уништен.

Н.Ш

Монтажа: Ариан Мехмети

АКТУЕЛНО

Поврзани објави