Нова апликација „breathe.mk“ детектор на загадувачите на воздухот во Скопје

Група студенти од приватен колеџ во Македонија, учествуваат во 48 часовен хакатон и активно работат во решавањето на деценискиот проблем на Метрополата. Апликацијата „Breathe.mk“ која паралелно со граѓаните ќе ја користат и инспекторите од Градот треба да помогне во намалување на аерозагадувањето, но и казнување на загадувачите.

Целта на оваа апликација ќе биде побрзо и поефикасно да се делува и деценискиот проблем да се реши што е можно побрзо.

Скопје изминативе години е меѓу првите на листата најзагадени градови. Според надлежните тоа е децениски проблем, за чие решавање се потребни десетици години, но уверуваат дека актвино се работи на проблемот.

АКТУЕЛНО