Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

Издавачката куќа „Љубовта е петтиот елемент“ објави дополнето реиздание на туристичкиот водич „Guide Book Macedonia“ на англиски јазик. Материјалот што е содржан во водичот е резултат на проекти од областа на туризмот и презентацијата на Македонија, а колектиран и продуциран е во последните 15 години.

Мото на новото реиздание е „Кога зборувате за Македонија раскажувајте со љубов“. Приредувач на водичот е Гоце Дртковски.

Според обемот и квалитетот на книгата ова е енциклопедиско издание. Материјалот во водичот е распослан на 400 страници испечатени во колор и содржи 50 мапи, десет 3Д-мапи на поголемите градови во Македонија, 100 илустрации и 999 фотографии кои прикажуваат сѐ што е вредно во нашата земја од областа на природните убавини, традицијата, културата и културното наследство.

Изданието поседува врвен квалитет еднаков на книгите на големите светски издавачки куќи. Изданието е исклучително вредно, како за секоја домашна библиотека, така и како подарок што може да се испрати насекаде низ светот.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави