О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа

Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ. Со малку работа може да ги направиме работите подобри. Планот за раст е многу поразличен од претходните понуди на Унијата и вели – „ајде да ја завршиме практичната работа“. Секој од лидерите ја препознава и согледува важноста од напредувањето, но е подготвен и да го преземе политичкиот ризик. Се надевам дека ќе постигнеме промена и дека ќе им понудиме можност на граѓаните во целиот регион, порача денеска помошникот државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн во обраќањето на лидерскиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Скопје.

Според О’Брајaн, во процесот никој нема никого да блокира, ниту има право на вето. Никој нема да го сопре другиот да напредува поради некакви нерешени билатерални спорови, а секоја земја што ќе се обиде да го направи тоа, ќе се соочи со последици.

Во следните неколку месеци се очекуваат и практични иницијативи, а освен за слободниот проток на луѓе, стоки и услуги и за единствената европска зона за плаќање, меѓу лидерите се разговара, како што откри О’Брајaн, и за други идеи како што се производството, преносот и трговијата на електричната енергија.

Од денешниот состанок, напомена, се очекуваат конкретни механизми за имплементација. Точно ќе се знае кој ќе ги спроведува, а за тоа ќе биде и одговорен.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави