Search
Search

Обвинителството оформи предмет за узурпираниот паркинг позади Поликлиниката „Бит Пазар“

Обвинителството во врска со узурпацијата на државните простори позади Поликлиниката „Бит Пазар“, за која пред извесно време пишуваше Градкса.мк, покрена постапка и презема мерки за констатирање на состојбата.

„Обвинителството оформи предмет и го сподели до надлежниот обвинител. Се преземаат мерки за утврдување на фактите“, велат од Обвинителството, пренесува Порталб.

Формирањето на случајот доаѓа откако Обвинителството предупреди дека ќе постапат, доколку не постапат другите надлежни институции.

Во изјава за Порталб, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, одговорноста ја префрли на раководството на Поликлиниката „Бит пазар“ и на Владата.

Од друга страна, Владата, Поликлиниката „Бит Пазар“, Државниот градежен инспекторат, но и низа други институции, прстот го вперуваат во општина Чаир.

АКТУЕЛНО