Фото/Градска редакција

Паркингот во Поликлиниката „Бит-пазар“ 15 години целосно узурпиран

Двата паркинзи во задниот дел на Поликлиниката „Бит-пазар„ се целосно узурпирани од непознати лица, на диво ставени се рампи и граѓаните и пациентите за еден саат паркирање плаќаат 50 денари и така масовната узурпација на јавни површини во општина Чаир па и во територијата на Градот Скопје не запира. Граѓаните се рентаат, а поединци сигурно јаки  во некоја политичка партија профитираат.

Фото/Градска редакција

Директорот на Поликлиниката Бит-пазар Виктор Исјановски  за Градска редакција вели дека ниту има некаков договор за користење на паркинг местата на Поликлиниката „Бит-пазар„ ниту знае кој се корисниците. Тој вели дека или општината или градот ги дале на користење.

„Тоа трае веќе 15 години, ние немаме никаква врска со тоа , немам никакви информации ни кој располага ни кој концесионира со нив, ни дали е дадено од општината или Градот Скопје, немаме никаков договор, не знам како е и што е, па ниту сум се запрашал„ – вели Исјановски.

Тој додава дека нема ни кај да се жали за ова проблематика.

„Немам кому да се пожалам, тоа треба да биде инцијатива на општината и на Град Скопје не можам јас, не ни знам кој стопанисува со тие паркинг места„ вели директорот Исијановски.

Во врска со предниот дел на Поликлиниката, каде од полицијата беа запленети градежни машинерии кои почнале да градат паркинг место и во овој дел, Исјановски вели дека чека одлука на судот.

Фото Градска

„Паркингот што почна да се гради пред амбулантата е стопиран, ние чекаме сега одлука и да заврши судската постапка, да видиме која фирма е, со какви информации ќе излезе обвинителството, ние што требаше направивме во нашиот дел„ вели за Градска редакција директорот Исјановски.

Од друга страна точно пред четири години Градот Скопје овозможи тезгите со цвеќиња што беа распослани на тротоарот по должината на булеварот Крсте Мисирков до Бит-пазар да бидат поставени на само 100 метри од оваа локација, на просторот зад Поликлиниката „Бит-пазар“, кој па преставува дополнителен проблем во сообраќајот околу поликлиниката.

Фото/ Градска редакција

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Н. Ш.

АКТУЕЛНО