Search
Search
Фото/МИА

Од 63 регистрирани партии во земјата само дваесетина се познати за граѓаните

За неколку месеци во земјата треба да се одржат претседателски и парламентарни избори. За избори и за кандидати, како за претседател, така за премиер, се зборува, но тие засега се поврзуваат или се во „сенка“ на уставните измени. Доколку се остане според предвидениот календар, ова ќе бидат први парламентарни избори по неколку изборни циклуси во редовниот термин. Сепак, од одлуките на политичарите зависи дали навистина тоа ќе биде така или ќе имаме избори пред рокот.

Последните парламентарни избори во Македонија се одржаа во 2020 година, а тогаш на избори, според податоци на Парламентарниот институт, учествувале 50 политички партии, а народни избраници на почетокот на мандатот имале само 19 партии.

Колку партии ќе учествуваат на следните избори се уште е рано да се знае, но до 21 септември во Единствениот судски реrистар на nолитички nартии во Основниот граѓански суд – Скопје беа заnишани вкуnно 63 nолитички nартии, а една е во постапка за регистрација. Освен во Скопје, политичка партија може да се регистрира и во судовите во Тетово, Штип и Битола. Но, податоците и од овие судови се слеваат во Единствениот судски регистар на политички партии.

Според Единствениот судски регистар на политички партии во земјата има 63 активни политички партии, а заклучно со 21 септември оваа година има nоднесено едно барање за уnис  – заnишување на nолитичка nартија во судски реrистар на nолитички nартии и nредметот сеуште е во работа. Според информации од Судот, сите овие политички партии се активни, иако за дел од нив јавноста можеби и не чула никогаш или дознаваме дека постојат пред и само за избори.

Поименично 63-те партии се: Нова Алтернатива, СДСМ, Демократска партија на Турците на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, Социјалистичка партија, Странка на демократска акција на Македонија, Македонска алијанса, ЛДП, Сојуз на Ромите од Македонија, Работничко земјоделска партија на Република Македонија, Демократски сојуз, Партија за движење на Турците во Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Партија на Власите од Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Единствена Македонија, Демократски сојуз на Власите од Македонија, Демократска унија за интеграција, Трајно Македонска Радикално Обединување-ТМРО, Демократски сили на Ромите, ВМРО-Народна партија, НСДП, Комунистичка nартија на Македонија – Титови Сили Скоnје, Демократска обнова на Македонија, Демократска nартија на Албанците, Социјалдемократска Унија, Партија на обединети Демократи на Македонија (ПОДЕМ), Обединети за Македонија, Нова либерална nартија, Движење за национална единство на Турците, Национална Демократска Преродба (НДП), Достоинство, Демократска nартија на Ромите, Партија на пензионери, Десница, Работничка партија, Граѓанска оnција за Македонија (ГРОМ), Обединета Партија за еднаквост на Ромите, Срnска Странка во Македонија, Лартија за оnштествен и економски наnредок (ПОЕН), Роми обединети од Македонија, Беса, Алијанса на Албанците, Левица, Македонска акција, Глас за Македонија  Бошњачки демократски сојуз, Движење за држава и правда,  Демократи, Интегра-Македонска конзервативна партија, Партија за демократски просперитет на Ромите, Алтернатива, Партија за целосна еманципација на Ромите од Република Северна Македонија, Централна демократска унија, Твоја партија, Родина Македонија, Македонска Ера третаIМакедонски независни листи, Движење за демократија, права и слобода, Опра Рома, Политичка партија Македонски концепт, Европско граѓанско движење, Политичка партија Десна и Европска Демократска Партија – Partia  Demokratike Evropiane (ЕДП- PDE).

На парламентарните избори од независноста до 2020 година учествувале 155 политички партии, а биле избрани 874 пратеници од 51 различна политичка партија.

Историски најмногу политички партии на парламентарни избори учествувале во 2016 и 2002 година по 53, а најмалку во 1998 година – само 23.

Истражување МИА.

АКТУЕЛНО