Над 10 милиони денари за времени вработувања троши Општина Ѓорче Петров и тоа среде избори

Додека јавноста е фокусирана на изборната кампања, општините продолжуваат со своите редовни активности. А една од редовните активности се и времените вработувања во единиците на локалната самоуправа, пишува 24 Инфо.

Пред една недела Општина Ѓорче Петров склучила еден таков договор за услуги за привремени вработувања.

Вредноста на договорот со ДДВ е 10,6 милиони денари или над 170.000 евра со времетраење од една година.

Тоа е за речиси 25% поголем износ од минатата година кога општина Ѓорче Петров со истата агенција склучила Договор во вредност од 8,2 милиони денари со вклучено ДДВ.

 

АКТУЕЛНО