Oд денеска стапи на сила забрана на движење низ шумите. Глобите се од 500 до 2000 евра

Од денеска почнува да важи целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Така предмалку соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, при што додадоа дека владиниот ресор ја одобрил ваквата мерка по барање на ЈП „Национални шуми“.

„Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор“,соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целосната забрана за движење во шумите, појаснуваат од Министерството за земјоделство, важи за територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“. Важи од денеска (15.7.2024 година) и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот.

„Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат“,соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Казните за непочитување на забраната не се мали. Физичките лица кои ќе бидат затекнати како се движат низ шума или шумско земјиште може да се соочат со глоба од 1 500 до 2 000 евра во денарска противредност

АКТУЕЛНО

Поврзани објави