Search
Search

Пуштена во употреба новата Поликлиника Сарај, ќе опслужува 45.000 граѓани од регионот

Започна со работа новата Поликлиника Сарај, што ќе опслужува над 45 илјади жители. Инвестицијата е во вредност од 79 милиони денари, обезбедени од Министерство за здравство. Новата здравствена установа беше пуштен во употреба денеска во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и министерот за здравство Фатмир Меџити.

-Голема е честа утрово заеднички да го промовираме отворањето на новата Поликлиника Сарај, која ќе опслужува над 45 илјади жители во овој дел од градот. Би сакал да истакнам дека ова е заеднички успех со кој треба да се гордееме. Станува збор за инвестиција во вредност од 79 милиони денари, обезбедени од Министерство за здравство, рече министерот Меџити.

Поликлиниката во Сарај ќе обезбедува здравствена заштита за граѓаните од над дваесеттина населени места (меѓу кои Бојане, Матка, Копаница, Чајлане, Буковиќ, Кондово, Љубин, Радуша, Шишево, Горно и Долно Свиларе, Грчец, Крушопек, Ласкарци и други). Досега, пациентите од оваа општина ги користеа здравствените услуги во најблиската поликлиника Ѓорче Петров.

За успешно функционирање на поликлиниката обезбеден е и стручен медицински кадар, за што во декември, минатата година беа реализирани 26 нови вработувања од разни профили, како што се: доктори на медицина, медицински сестри, лаборанти и друг кадар наменети за Поликлиника Сарај.

– Максимално сме посветени кон зајакнување на јавното здравство преку подобрување на инфраструктурата, набавка на нова опрема, нови лекови и вложување во човечкиот капитал. Со истото темпо продолжуваме и во следниот период, истакнува Меџити.

 

АКТУЕЛНО