Одметнатите од ДУИ ќе гласаат за уставни измени

Изет Меџити во интервју за ТВ 24 вели дека големата полициска акција се случува во симптоматичен политички момент и има за цел да ја дефокусира јавноста, но и да ги заплаши неговите подржувачи.

Меџити не исклучува дека нeговите сопартијци би посегнале и по негово лично апсење.

Пратеникот Изет Меџити кој завчера соопшти дека со Мерита Коџаџику излегуваат од ДУИ и ќе формира ново политичко движење, на кое се придружува и независниот пратеник Кастриот Реџепи, изјави дека тројцата ќе гласаат за уставните измени.

-Нема дилема како ние тројца ќе гласаме. Ќе гласаме за уставните измени, тие ни се топ приоритет и главен фокус зашто единствена алтернатива е интегрирање во ЕУ, да се спречи иселување на младите и да имаат перспектива овде, во земјава. Од епилогот на уставните измени ќе зависи како ќе се движи државата натаму, рече Меџити вечерва во интервју за ТВ24.

Меџити очекува да се зголеми поддршката со приклучување и на други пратеници и одговори потврдно дека тие може да се и од редовите на власта.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави