Search
Search

Општина Аеродром со демант: За МЗТ во Буџетот се испланирани 12 милиони денари

Во целост ги демантираме информациите објавени во текстот на вашиот портал, поврзани со кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, воедно сметаме дека објавување на ваков текст без наведување на ставот на Општина Аеродром е непрофесионално и тенденциозно.

Согласно, новинарските прашања добиени од ваша страна, ве информираме дека буџетот на Општина Аеродром е во добра финансиска кондиција и општината редовно ги сервисира сите доспеани обврски. Конкретно, средствата наменети за финансисирање на МЗТ Скопје Аеродром во моментов изнесуваат 12 милиони денари, но истиот износ ќе биде дуплиран со ребаланс на буџетот. Воедно, клубот, за разлика од минатото, денес остварува и дополнителни приходи од комерцијални спонзори и истото преку јавни настани е презентирани во јавноста. (вклучувајќи ги МТЕЛ, Зегин, АТС и други наши значајни партнери)

Нашата цел е МЗТ Скопје Аеродром да биде квалитетен клуб кој ќе функционира комерцијално со поддршка на спонзорите, неисклучувајќи ја силна поддршка која тој ја добива од општината.

МЗТ Скопје е тесно поврзан со Аеродром и во таа уште еднаш потенцираме дека Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски се силни поддржувач на спортот во целост и спортскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, таа поддршка во изминатиот период во многу наврати е потврдена на дело.

АКТУЕЛНО