Search
Search

Општина Берово воведува ,,Програма за Образование” за 2024 година

Општина Берово ја усвои новата „Програма за образование“ за 2024 година. Со новата програма, мерките за поддршка за прваче, поддршка за средношколци во прва година средно образование и поддршка за најдобри ученици, ќе се исплаќаат преку Програмата за образование, која што Општина Берово ја воведува од 2024 година.

-Во неа, покрај другите мерки, за прв пат воведуваме и 6.000,00 денари, за сите редовни студенти, кои за прв пат ја запишале студиската година и средства за ученици со континуиран одличен успех, кои завршуваат  основно и средно образование, информираат од општината.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изрази надеж дека мерката ќе помогне во семејниот буџет, за родителите полесно да можат да ги подмират обврските, особено при плаќање на партиципација за студирање и ќе им олеснат на студентите да покријат дел од трошоците.

 

АКТУЕЛНО