Search
Search
ФОТО: Градинка од Општина Чаир

Општина Чаир ги зголеми цените на градинките – граѓаните загрижени

Со одлука на Советот на општина Чаир, општината под раководство на Висар Ганиу го зголеми износот на надоместокот за престој на децата на градинките.

Загрижените граѓани до Градска.мк го испратија документот за зголемување на износот на партиципација за градинките, од 1.500 на 2.000 денари.

„Советот на Општина Чаир на 28.04.2003 донесе заклучок за зголемување на износот на надоместокот за трошоците за престој на деца што паѓа на товар на родителите во градинките на територијата на Општина Чаир“, се вели во документот.

Граѓанинот кој го испрати документот истакна дека со вознемиреност ја дочека оваа одлука на општината, бидејќи во овие поскапувања на прехранбените производи, ниските плати, овој трошок го зголемува товарот на семејната економија.

“Сега кога растат цените, градинките работат со загуби. Беше предложено 2.200, но ние побаравме најмалку 200 денари да се намали, и се одлучи за ова крајна цена од 2.000 денари„ изјави за Градкса.мк советник од Општина Чаир.

Инаку минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари. Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалоци, како и за режиски трошоци (13.423 денари).

АКТУЕЛНО