Search
Search

Општина Велес со Базар по повод 8–ми Март

По повод 8- ми Март, Меѓународниот ден на жената, Општина Велес ќе организира Базар на две локации во Младинскиот парк и на платотo пред Основниот суд. Сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица може да поднесат барање за тезга во Граѓански сервис центар во приземјето на Општина Велес.

Како што појаснуваат од Општина Велес, заинтересираните во барањето треба да наведат на која од двете локации, Младински парк или плато пред Основен суд Велес, сакаат да ги постават тезгите. Заедно со барањето правните лица треба да достават копија од тековна состојба, додека физичките лица  потребно е  да достават копија од лична карта, соопштија од Општина Велес.

Осмомартовскиот базар, граѓаните ќе можат да го посетат и да си купат разни подароци,бужутерија и цвеќе на 6, 7 и 8 март.

АКТУЕЛНО