ФОТО: Министерот за надворешни работи Бујар Османи- ФБ профил

Османи: Доколку не се завршат уставните измени, паузира целиот процес на преговори со ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека доколку не се завршат  уставните измени односно промената на уставните измени до крајот на годината, паузира целиот процес на преговори со ЕУ.

 „Имајќи ја во предвид важноста на европскиот процес за нашето општество кое што е нетипично зависно од европскиот процес за разлика од некои други држави, мислам дека станува една општествена криза и политичка, која што ја имаме видено претходно со блокадата на европскиот процес предизвикана од спорот со името и можеме да влеземе во една ситуација на изолација во кое што ќе се отвараат некои прашања кои што  самиот европски процес ги субординира”, рече Османи во најновото издание на Трилинг.

“Замислете автопатот Скопје – Охрид прикажувајќи го како некаков етнички интерес на албанците, враќајки еден дискурс на 90-тите кој што мислевме дека го надминавме.Тоа ме плаши. Ова другото за транспарентноста до крај да се оди. И да се осветли целиот процес. Тука нема компромис, ме плаши тоа другото. Мислам дека за жал транспарентноста се злоупотребува во функција на претходното, на стереотипизирањето”, истакна тој.

Османи рече дека нема подобар механизам за борба против корупција од преговорите со ЕУ. Светот нема создадено попрецизен механизам за борба против корупција освен исполнување на копенхашките критериуми членството во ЕУ.

АКТУЕЛНО