Oсмани е со две раце за бришење на дефиницијата „20 отсто“ од Уставот, но не е сигурен дали е сега добар момент
фото/МНР
Во однос на барањата од некои од партиите на Албанците кои учеството во работната група за уставни измени и поддршката на измени на Уставот ја условуваат со 20-те отсто, но и со други барања, како тоа на Алтернатива, за прифаќање на закон со кој политичката корупција нема да застари како кривично дело, Османи вели дека се работи за демагогија и оти е очигледно дека и во ваква ситуација наместо во прв план да биде ЕУ-интеграцијата, се ставаат партиските интереси.

„Тие не сакаат уставни измени, туку водат партиска пропаганда за собирање политички пеони. Јас сакам уставни измени, меѓутоа не сакам да бидам дел од платформа која е составена за уставните измени, тоа е демагогија пар екселанс и мислам дека граѓаните многу лесно тоа го разоткриваат“, рече Османи.