Search
Search

Османи ги кани на ифтар претседателските кандидати, за Јакимовски и за Ванковска нема место на трпезата

Претседателскиот кандидат на ДУИ Бујар Османи преку социјалните мрежи упати покана до политичките конкуренти во претседателската трка, на заеднички ифтар, откако ДИК денеска ќе ги потврди претседателските кандидатури.

Впечатливо е дека меѓу поканетите не е градоначалникот и кандидат за претседател Стевчо Јакимовски, кој од пред два дена се најде на американската „црна листа“, како и кандидатката на Левица Билјана Ванковска.

-На денот кога ја чекаме потврдата на нашите кандидатури за претседател на Република Северна Македонија, сакам да ги поканам кандидатите Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски на заеднички ифтар со цел во духот на овој месец да разговараме и да се договориме за позитивна, конструктивна кампања и натпревар на идеи за да добиеме европски претседател – напиша Османи на Фејсбук, во поканата.

АКТУЕЛНО