Source: Antonio Perez/TNS/Zuma/MotherJones.com

Осум лица повредени во престрелка во Чикаго, седумгодишно девојче им подлегна на повредите

Осум лица беа застрелани, меѓу кои три деца, вклучително и седумгодишно девојче кое им подлегна на повредите, во престрелка поврзана со ривалството на локалните банди на Саут Сајд во Чикаго, соопшти денеска полицијата.

Девојче беше застрелано во главата синоќа и им подлегна на повредите, додека едногодишно момче и 7-годишното момче беа застрелани со повеќе куршуми и се во критична состојба, изјави заменик-началникот на полицијата во Чикаго, Дон Џером на брифинг одржан на местото на престрелката на 52-та улица во јужната страна на градот.

„Полицијата одговорила на пријава за пукање околу 21 часот, но кога пристигнала на местото на настанот ги затекнала само повредените, меѓу кои покрај три деца имало и возрасни на возраст меѓу 19 и 40 години“, изјави Џером.

Повредените, кои се ншле на местото на крвавата пресметка поради семеен собир, се пренесени во локалните болници

Според Џером, истрагата се уште е во прелиминарна фаза, но очевидци рекоа дека две лица пукале.

„Ова не беше случаен чин на насилство, туку се чини дека е поврзан со ривалски банди. „Без разлика на мотивите за ова пукање, вечерва се повредени три невини деца, а едно од нив им подлегна на повредите“, изјави Џером.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави