Search
Search

„Пајакот“ крена над 100 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 230 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

118 непрописно паркирани возила се отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“. 112 возила кои биле затекнати во резидентни зони се санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, велат надлежните.

АКТУЕЛНО