Фото/ЈП Паркови и Злеленило

Врнежите и сонцето придонесоа за интензивно растење на зеленилото, велат од “Паркови и зеленило”

Последната недела на социјалните мрежи граѓаните на скопските општини постојано се жалеа дека не се коси тревата низ јавните површини или паркови.

Новиот директор на ЈП-Паркови и Зеленило Сефи Шабани за градска редакција вели дека екипите на претпријатието постојано се на терен и се чистат зелените површини, а тој виновникот за поплаките на граѓаните на неколку општини за состојбата на парковите, го гледа кај временската состојба, која според него врнежите во комбинација со јако сонце придонесе за интензивно растење на зеленилото низ јавните површини на скопските општини.

Фото/Паркови и зеленило

„ Не дека не се одржува или се коси тревата низ скопските паркови, но како последица на времето каде имаше врнежи со повремено појавување на сонце придонесе на брзо растење на тревата. Во ниту еден момент не застана работниците на ЈП-Паркови и зеленило, и во моментот нема место каде екипите на претпријатието не ја коселе тревата„ вели за градска.мк Сефи Шабани новиот Директор на ЈП-Паркови и зеленило.

Фото/Градска редакција

Според него сите екипи  спроведоа голема акција за косење низ целото зеленило во градот, се косеше со полн капацитет во сите реони и пунктови, а со акцијата беа опфатени зелените површини во сите скопски општини. Според него се работеше и за време на викенд.

Н.Ш

АКТУЕЛНО