Search
Search

Пендаровски: Бугарија не може да диктира Европска рамка, наративот на опозицијата е спротивен од македонските државни интереси

Стратешкиот договор со САД и членството во НАТО се гарант за стабилноста на државата и за регионот во целина, вели претседателот Стево Пендаровски.

Зборувајќи за актуелната политичка состојба во земјата, Пендаровски нагласува дека наративот што за неопходните уставни измени го користи опозицијата е директно спротивeн на македонските стратешки, национални и државни интереси.

Една од најголемите навреди на интелигенцијата на македонскиот граѓанин е кога европската преговарачка рамка ќе ја наречеш „бугарски диктат“, вели Пендаровски во интервјуто за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа.

Меѓународниот фактор, вклучително и Софија, не ги гледаме како пречка за влез на земјата во ЕУ. Дали проблемот сега е само внатрешен, опозицијата, која инсистира да не ги прифати промените според „бугарскиот диктат”. Има ли таков диктат или не?

Пендаровски: Една од најголемите навреди на интелигенцијата на македонскиот граѓанин е кога ќе ја наречеш Европската преговарачка рамка, „бугарски диктат“ , значи стануваше збор и знаеме сите дека и за време на француското предлог и на крај и формално правно и политички суштински европска преговарачка рамка на ЕУ со земја кандидат – сега Северна Македонија. Навредата е многу поголема и за една од земјите која е наш пријател во целиот овој процес, независно од одредени поинакви размислувања, тоа е Република Франција. Да кажеш дека е бугарски диктат францускиот предлог, тоа значи да ја навредиш целокупната француска дипломатија, бидејќи тоа не е точно.

Ако некој мисли дека ова е бугарски диктат, тогаш и дава диспропорционално голема сила на Бугарија, за која знаеме какви ѝ се перформансите во економија, во секоја друга област во однос на ресурси и политички капацитет, да влијае на ниво на Европската унија. И даваш таква моќ на Бугарија дека може да им диктира на другите 26 држави членки, каква да биде преговарачката рамка.

На тие што малку знаат од европските преговори им е јасно дека Бугарија не може да диктира Европска рамка. Може да сугерирам да предложи, може да собере луѓе околу себе, држави кои можат да и помогнат во одреден став, но не може да издиктира Европска рамка за ниедно битно европско прашање, бидејќи се знае кои се главните мотори на таа внатрешна динамика на Европската унија.

Факт е дека во овој момент топката е на нашиот дел од теренот. Претходно Бугарија за жал направи многу лоши работи, создаде катастрофален амбиент во кој тешко беше да разговараме ние овде во Македонија меѓу нас со аргументи. Меѓутоа, исто така е факт дека сега до крајот на годинава до ноември – декември, додека формално не заврши скрининг процесот, факт е дека топката е кај нас и ние сме обврзани со рамка прифатена од македонскиот Парламент да го измени Уставот, во спротивно нема да продолжиме со преговори. Вистина е дека овој пат, ако тоа се случи, би станувало збор за самонаметнат потег на изолација.

Загрозена ли е безбедноста на државата со евентуалното низгласување на Уставните измени?

Пендаровски: Не, јас го давам компаративниот пример од 2008 година, бидејќи тогаш во некаков сличен контекст во однос на друга организација – НАТО Алијансата имавме слична ситуација. Значи бевме одбиени за членство од НАТО букурешкиот самит 2008 година и почнаа муабети веднаш потоа дека можно е затоа што не влеговме во една организација што е предоминантна воена и безбедносна, дека може да биде нарушена безбедноста од внатре, од надвор….  Македонија од фактор кој контрибуира за регионалната безбедност долги години наназад и како не членка, да стане извор на дестабилизација и не само за себе, но и за својата непосредна околина. Имаше и тогаш изјави, ако Македонците не сакаат да одат кон НАТО, а можеби и Албанците ќе одат на некаков друг начин кон НАТО и тој тип на една националистичка реторика која и сега ја нслушаме, но за среќа во некои периферни места од нашиот политички спектар.

Нема да има никаква дестабилизација на Северна Македонија ако не успееме да го промениме Уставот и не продолжиме кон ЕУ. Седумнаесет години сме надвор од Европа со статус на кандидат, бевме 12 години со ова што го спомнав, со аспирација за членство па во 2018 година станавме членка, и не се случи никаква безбедност и дестабилизација. Ниту може, ниту ќе се случи! Не заборавајте ние имаме стратешки договор со САД од 2008 година кои подразбира заеднички механизам на кризен менаџмент, ако не дај боже нешто лошо почнува да се случува и да се навестува. Значи, нема да имаме дестабилизација. Јас тврдам дека во таква една ситуација ќе биде широко отворена вратата за автократските тенденции и недемократско владеење. Државата нема да се распадне сигурно, но како ќе бидат перспективите на младите луѓе, ако немаме блиска перспектива да влеземе во Европската унија, да речеме до 2030, или да не кажам па дури и порано, ако воопшто не преговарам и чекаме некаков подобар договор да го постигнат некои идни власти. Во тој дел, морам да ви кажам, сум прилично резервиран и песимист. Моите предвидувања се дека може лесно во таков еден контекст да се повтори – начинот или форматот, или моделот на владеење на владата на Груевски.

 

АКТУЕЛНО