Пензионер 34 години лажел дека е слеп за да зема инвалидска пензија

Пензионер лажел дека е слеп 34 години за да добие инвалидска пензија! Ќе треба да и врати се на државата. Пензионерот е од Пиемонт е осомничен дека долги години се преправал дека е слеп и незаконски добивал инвалидска помош!

Тој сега има 84 години и бил фатен во невидена измама кога полицијата открила дека тој сам се шетал по улица без слепо помагало и читал погребни плакати, но и вадел пари од банкомат.

Истрагата започнала пред неколку месеци по пријава за лажно слепо лице. Полицијата почнала да го следи што на крајот довело до тоа неодамна да биде пријавен кај правосудните органи за кривично дело тешка измама против државата.

Локалниот суд нареди превентивно одземање на 90.000 евра што ги имал на својата банкарска сметка и станот во Пиемонт. Доколку биде прогласен за виновен, ќе мора да ги врати сите пари што ги добил во текот на 34-те години на наводниот инвалидитет.

Двајца лекари кои во 2020 година изјавиле дека состојбата му се влошила до целосно слепило завршиле на суд. Пензионерот веќе добивал паричен надоместок бидејќи имал тешко визуелно оштетување, а потоа пред четири години прегледот покажал дека е целосно слеп.

Во Торино имаше сличен инцидент што се случи пред неколку години кога друг пензионер, кој изгледаше како целосно слеп, отиде во самопослуга и работеше во градината каде што дури и возеше мало комбе. По него тргнала полицијата и го затекнала како застанува да чита погребни плакати на улица.

 

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави