Search
Search

Петта фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре (02 и 03.09.2023 година) во раните утрински часови на подрачјето на Скопје ќе се врши авионска дезинсекција (петта фаза) против возрасни форми на комарци.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, информира Град Скопје.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

АКТУЕЛНО