Search
Search

Погледнето го трејлерот на првиот постапокалиптичен македонски филм „М“

Жанрот на хорор филмови со зомби-содржина се популаризираше и доби огромна популарност во последните децении. Многу режисери и продуценти се одлучуваат да создадат филмови што се фокусираат на постапокалиптични светови, зафатени од зомби-чудовишта.Што се однесува до македонската кинематографија, засега нема познати филмови од овој жанр. Во различни периоди на време, македонската кинематографија беше фокусирана на различни теми и жанрови, но не се создадени филмови што се специфично зомби-хорори.

Но, Вардан Тозија го промени тоа режирајќи го филмот „М“, еден од првите македонски филмови со постапокалиптична тематика.

Трејлерот на филмот изгледа светски и може да се каже дека е најдобриот македонски трејлер досега, а филмот изгледа навистина надежно.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Маскер е Горан Игњатовски. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.

АКТУЕЛНО