Search
Search

Полицијата во шок и неверување: Радарот забележал брзина од 696 km/h

 

Некогаш навистина треба да се запрашаме во каков свет живееме. Имено – како што пишува Auto Zeitung – автоматизиран радар со инсталирана камера во белгиската провинција Киевраин регистрирал автомобил кој наводно возел со брзина од 696 km/h.

Познат е дури и типот на автомобилот, а тоа е Opel Astra. Откако на возачот му се „прости“ вообичаената толеранција која важи во Белгија, крајната брзина била 654 км/ч, односно Astra патувала дури 193 метри во секунда. И тоа во зона каде брзината на ограничувањето е 50 километри на час.

Меѓутоа, полицијата на сопственикот на Астрата – очигледно најбрзиот автомобил во историјата на Опел, ладнокрвно му испратила казна од 6.597 евра.

Не е познато дали возачот се жалел на оваа казна, но нема да бидеме изненадени доколку долгата рака на правдата пресуди дека машината не може да греши и дека возачот најверојатно успеал да постигне четири пати поголема брзина од таа на кои комерцијални авиони кога полетуваат.

Извор: index.hr

АКТУЕЛНО