Поповиќ: Охридско лето е код на културата на Балканот!

Охридско лето е еден од најдобите фестивали според Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) и со години е на врвот благодарение на добиот менаџмент кој успева на своја сцена да донесе врвни светски уметници. Во гостувањето на утринската програма на „Слободен печат“, директорката Поповиќ вели дека тоа не би се случило ако зад себе го нема својот тим.

„Нема поголем фестивал, нема постар фестивал на Балканот, 63 години, фестивал што трае 40 дена, фестивал кој носи повеќе од 1200 светски уметници, најголеми имиња кои настапуваат на Античкиот театар, безвременски на Долни Сарај, во Св. Софија…би можела да зборувам 24 часа за Охридско лето. Веќе 27 години сме членка на најголемата фестивалска асоцијација во Брисел European Festivals Association, јас сум избрана за делегат оваа година, а таму се повеќе од 170 фестивали. Охридско лето се наоѓа во најдобрите три“, вели Поповиќ.

Токму таа е и најодговорна што во изминатите 5 години најголемите светски имиња се гости на Охридско лето.

“Ништо не е лесно да се организира, но желбата е голема, мотивацијата и големината на Фестивалот каде сакаат да настапат ете холивудски актери, ете Џон Малкович, Ангела Георгиу, Хозе Карерас, Џеси Норман, премногу големи имиња…Зошто? Зато што фестивалот Охридско лето е најголемото културно наследство на градот Охрид“, рече Поповиќ.

Поповиќ за следната година уверува дека ќе биде на висина на задачата, не открива кој се ќе ја посети Македонија но сигурна е дека на фестивалот ќе се претстават најдобрите светски имиња.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави